Спасовски: Секој глас за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска оцени дека изборите на 15 јули имаат тежина на референдумско изјаснување дали, како што рече, ќе се оди по сегашниот пат.

Тој ги повика граѓаните да излезат на гласање „да одговориме на нашата граѓанска должност денес – за да не се каеме што сме пропуштиле утре, бидејќи за тоа по 15 јули ќе биде многу доцна“.

„Секое останување дома, истакна Спасовски, е глас за обнова на режимот.

Секое гласање за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ“, рече Спасовски

SHARE