Спасовски вчера и денес во контакт со пола Влада и раководство на СДСМ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва објави дека е позитивен на Ковид19.

Вчера Спасовски беше на конгресот на СДСМ со премиерот Заев, вицепремиерите Љубчо Николовски и Радмила Шеќеринска и други партиски раководители со кои седел во непосредна близина во затворена просторија на конгресот.

Денеска Спасовски бил заедно со премиерот Заев, неколку други министри и дипломати на акција за засадување на 75 дрва.

Согласно важечките протоколи сите овие лица кои биле во контакт со Спасовски треба да бидат испратени во изолација.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1749689415208674&id=261903973987233

SHARE