Спасовски: Велигден и Рамазан да ги поминеме дома (ВО ЖИВО)

Велигден и Рамазан мора да ги поминеме дома, рече премиерот Оливер Спасовски додавајќи дека пораките и честитките верниците да си ги упатат преку телефон, а не собрани кај роднините.

„Тоа нема да нѐ направи послаби верници, напротив, тоа ќе ни го зајакне духот зашто сите знаеме дека со тоа спасуваме живот“, рече Спасовски на денешната прес конференција со министерот за здрватсво Венко Филипче.

Претходно Спасовски рече дека наврееме бил вклучен алармот за да се амортизира ударот на коронавирусот.

„Мерките ги носевме етапно по препорака на Комисијата за заразни болести. Следејќи ги искуствата на другите земји очекуваме дека ќе влеземе во фаза кога епидемијата ќе го промени својот тек. Секој од нас би сакал да знае кога се ова ќе заврши, но тоа никој не го знае – истакна Спасовски.

Според него, на крајот ќе го сопреме непријателот, но оваа битка ќе трае.

„Ние како земја го немаме поминато најлошото. Наредните две недели ќе го достигнеме пикот. Но, подобро да се подготвуваме за повеќе, а да имаме помалку. Донесовме одлука за продолжување на полицискиот час. Се очекува да достигнеме бројка од 2.000 до 2.500 заболени. Се забранува движење на сите граѓани од 16 до 05 часот наредниот ден, а за викендот 24 часа. Се забранува движењето на јавни површини повеќе од две лица. Донесувањето на овие мерки е заштита на здравјето на секој граѓанин – додаде техничкиот премиер.

SHARE