СПЦ одеднаш посака дијалог со МПЦ!?

Откако вселенскиот патријарх Вартоломеј најави дека ќе го отвори прашањето за решавање на конечниот статус на македонската црква, Српската православна црква донела одлука да ги обнови преговорите за решавање на статусот на МПЦ-ОА.

Одлуката на Светиот синод на Цариградската патријаршија да го отвори ова прашање е врз основа на барањата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Владата на Република Македонија за решавање на статусот.

Иако во соопштението од Вселенската патријаршија не се соопштија детали за разговорот по ова прашање, сепак поставувањето на дневен ред, како што велат аналитичарите, значи ставање во процедура на ова барање.

„Српската црква планира да ја превенира одлуката на Вселенската патријаршија која деновиве почна да одлучува за статусот на Македонската православна црква и со најавата за преговори сакаат да ги одземат аргументите на Вселенската патријаршија за да може да се меша околу автокефалноста на нашата црква, вели новинарот Бранко Ѓоргевски, за Канал 5.

SHARE