Специјалците на Спасовски апсеа локален лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани

Претседателот на локалниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани Ѓорѓи Влајкиноски е уапсен попладнево од полициските специјалци.

Влајкиноски објавува фотографии и видеа од апсењето од кои се гледа дека тој воопшто не ги провоцира полицајците.

Од видеото се гледа дека полицајците не ги интересираат другите учесници на настанот туку се насочени кон локалниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани иако тој не е ни маскиран.

“Денес бев апсен. За ништо, се разбира.
Нема страв, нема предавање.
Има полициска бруталност, ама ќе им помине.

Вевчанци, драги мои Вевчанци посебно Ви БЛАГОДАРАМ за ПРКОСОТ кон полициската бруталност.

Да живее Вевчани, да живе Македонија”, напиша Влајкиноски на Фејсбук.

Фотографиите и видеата на неговиот фејсбук профил.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10221736657420704&id=1083816531&sfnsn=scwspmo

SHARE