Специјализанти му порачаа на Филипче: Има да нѐ нема!


Регулирање на работниот однос од определено на неопределено време и добивање на сите останати привилегии, обврски и права кои ги имаат сите вработени, особено доктори.

Ова се барањата на претставниците од групата на кофинанасирани специјализанти кои денеска излегоа на мирен протест пред Министерството за здравство со цел да го изразат своето незадоволство во однос на нивните договори за работа.

 На протестот тие се појави со транспаренти на кои пишуваше: „И ние сме лекари“ и „Има да нѐ нема“.

Тие велат дека би биле задоволни со тоа што би биле нивелирани како сите останати доктори што работат во државата, особено специјализанти.

Прашуваат зошто и на кој начин се ставени во подредена позиција. (МИА)

SHARE