За една година е направено сето она што го зборував 10 години, пишува Ленче Николовска, специјалната советничка за земјоделие на премиерот Заев и ги објавува достигнувањата на Владата во овој ресор.
1. Редовни субвенции, а не само пред избори
2. Зелена нафта- процедурата е во тек
3. Инвестиции во наводнување- министерот најавува милионски суми
4. Решавање на проблемот со пласманот – на тоа најмногу работиме, на премиерско ниво
5. Ревизија на поделбата на државната земјоделска земја веќе е започната
Имаме уште многу работа пред нас, многу за промени и подобрување на состојбата во македонскиот аграр“, пишува Николовска, која како да не гледа дека 4 од 5 наведени успеси на Владата која таа ги потенцира не се имплементирани, туку се само започнати и допрва ќе се спроведуваат.