Специјални обвинителки со специјален вокабулар : Ороспијо, гомнарке, возено маче…

Досега невидени вербални напади се случија денеска на судењето за случајот Рекет.
Екс шефица на СЈО, Катица Јанева со навреди ја испрати нејзината доскорешна колешка и блиска соработничка Лиле Стефанова по нејзиното долго сведочење на судењето за „Рекет“ во која таа беше посочена како виновна за низа дела.

Во моментот Стефанова тргна да излегува од судница Јанева ѝ ги упатила зборовите „ороспијо“ и „говнарка“.

По нападот Јанева беше прекорена од судијката Васка Николовска Масевска која ги повика полицајците кои ја спроведуваат од куќен притвор и нареди таа да биде изнесена од судница.

На излегување Катица Јанева низ солзи пред новинарите откри приватни релации со Стефанова и праша: „Оти ѝ го возев мачето, затоа ли не ѝ чинам?“

SHARE