Претседателот на Парламентот на Косово, Кадри Весели, ги повика Македонија и Црна Гора „сите да се здружат“ против Србија!

„Македонија и Црна Гора се во НАТО, ние не сме. Ајде сите да се здружиме против Србија“, изјави тој за косовската телевизија КТВ.

Според Весели, Приштина треба да ги слуша САД, кои сакаат да го запрат руското влијание на Балканот, а самиот се понуди како жртва, иако се надева дека никогаш повеќе нема се војува во Косово.

„Јас ќе се соочам со Србија како што се соочив пред 20 години. Ако даде Господ, повеќе нема да има борби. Единаесеттата година од независноста тукушто заврши. Чувај Боже Србија да ја пробие границата со Косово, не верувам дека би можел да останам дома. Не сакам, Господе боже, тоа да се случи, подобро тогаш јас да настрадам отколку војник на КБС“, рече лидерот на опозициската Демократска партија на Косово.

SHARE