Спикерот што „збесна“ по голот на Пандев против „Старата дама“ (ВИДЕО)

Андреа Карети е името на италијанскиот коментатор и официјален спикер на стадионот на калчо лигашот Џенова во кој игра Горан Пандев.

Карети објави видео од невата емотивна реакција по голот што нашиот ас Пандев го даде завчера против големиот фаворит Јувентус кој загуби со два спрема нула.

Пандев беше асистент на првиот гол а го даде вториот по што Карети не можеше да се смири.

SHARE