Од Управата на истражниот затвор во Шутка денеска соопштија како дошло до физичкиот напад на поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, кои се во триесетдневен притвор по барање на Обвинителството за настаните во Собрание на 27 април 2017 година.

Според соопштението, на инцидентот ѝ претходела вербална расправија, која била предизвикана од Спировски кон еден од затворениците со иницијали Л.К, која подоцна преминала во, како што наведуваат, лесна физичка пресметка која била веднаш прекината од службите на затворот, дознава РСЕ.

Подоцна, повторно за време на редовна прошетка, дошло до друг вербален инцидент предизвикан од Јанакиески кон друг затвореник со иницијали Е.К, кој преминал во физичка пресметка која исто така била веднаш прекината од службите на затворот.

Од ГОБ „8-ми Септември“ попладнево потврдија дека кај нив бил примен поранешниот министер Миле Јанакиески, кој учествувал во инцидент во затворот „Скопје“ во Шутка, но дека не му биле констатирани телесни повреди, јави Сител..

Порталот на албански „Almakos“ пишува дека Лирим Красниќи го нападнал Спиро Ристовски поради расправија околу финансирањето на училиштата во кои се одвива настава на албански јазик, гласи една од изјавите.

Во 14 часот Есат Кафеголи го претепа Миле Јанакиески, бидејќи тој го нарече албански терорист, велат за „Љајм“ членови на семејствата, откако стапиле во контакт со своите роднини од затворот.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.