Според Спасовски, кој си ги сака децата, семејството и татковината, нема да гласа за ВМРО-ДПМНЕ?!

Техничкиот премиер и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, во интервју за „Вечерњи лист“ објаснува зошто, според него, избирачите во Македонија на парламентарните избори нема да му ја дадат довербата на ВМРО-ДПМНЕ, туку на неговата партија.

На прашањето „ако на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ, верувате ли дека таа националистичка партија ќе распише референдум и ќе го поништи договорот за промена на името на Северна Македонија“, Спасовски одговори: „На изборите ќе победи напредната европска опција која покажа дека може и носи сигурност. Што било друго би значело неизвесност, која сите што си ги сакаат своите деца, семејството и татковината веќе ја отфрлија“.

Прашан и дали стравува од дестабилизација на државата ако повторно дојде на власт ВМРО-ДПМНЕ, Спасовски со став: „Очекувам дека граѓаните ќе дадат поддршка за продолжување на напредокот на Република Северна Македонија на европски и на економски план. За жал, водечките структури на ВМРО-ДПМНЕ и од положба на опозиција се определени кон дестабилизирачки политики. Но, за среќа, тоа е видливо. Не верувам дека постои граѓанин, дури ни припадник на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја сака својата земја, а посакува да се врати во мрачните времиња на бившиот режим кои се веќе минато. Северна Македонија оди кон сигурна демократска европска иднина“.

SHARE