Според Заев, Борис Трајковски беше заменик-министер во МНР на Република Северна Македонија?!

Премиерот Зоран Заев во секој свој јавен настап педантно го користи новото име на македонската држава што самиот го договори, дури и во историски контекст, како во случајот со Борис Трајковски.

„Во периодот од 1998 до 1999 година ја извршуваше функцијата заменик-министер во Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија“, рече Заев на денешниот молитвен појадок по повод 15-годишнината од трагичната смрт на вториот претседател на независна Македонија.

Во своето обраќање претседателот на Владата уште еднаш го антидатира името што не доби поддршка од граѓаните на пропаднатиот референдум од 30 септември.

„Неговиот живот трагично заврши токму на денот кога Република Северна Македонија требаше да направи уште еден голем чекор на својот пат кон интеграцијата во Европска унија. На денот кога апликацијата за членство, потпишана и од него, требаше официјално да биде претставена во Даблин, во Република Ирска“, рече Заев.

Но, при сето настојување да се наметне „Северна“, се поткрадна „грешка“. На картичките на масите пишуваше на англиски: „Лидерство засновано на вредности, од принципи до акција. 25 и 26 февруари 2019. Скопје, Република Македонија“?!

SHARE

2 Коментари

Comments are closed.