Спорт

Екс министер за финансии моли ФФМ да даде бесплатни билети за вечерва

Јавен апел откако против Швајцарија националната арена беше полупразна а Македонија загуби катастрофално

Екс министерот за финансии во првата вчада на Зоран Заев, Драган Тевдовски апелира ФФМ да даде бесплатни билети за вечерашниот меч на Македонија против Шкотска на арената Тоше Проевски.

На преходниот меч во Лигата на нациите стадионот против Швајцарија беше полупразен.

,,ФФМ отворете ги вратите и дозволете бесплатен влез вечер. Не може да има карти од 1800 денари, а во 6 натпревари 5 шута на гол. Врие Шкотланѓани во Скопје! Не смее македонската репрезентација да игра на Градски во атмосфера како на гости. Тоа не го заслужуваат нашите херои Елмас, Барди и другите дечки кои ја победија Италија, Германија,… и не однесоа на првото Европско првенство. И замолете, повикајте ги луѓето да дојдат вечер на стадион. И организирајте навивачки групи да бидат таму, не смее Швајцарци, Шкотланѓани и други да бидат поорганизирани од нас кога дома игра македонската репрезентација”, бара Тевдовски.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top