Спорт

Фото на денот: Рустемовски на победничкиот подиум во Таранто

Дојдов тука по злато, но ќе одам по него на ОИ 2028 во Лос Анџелес, порача 22-годишната надеж на македонскиот бокс

Фотографијата на денот доаѓа од Таранто, кадешто македонскиот боксер Ален Рустемовски се искачи на третото скалило од победничкиот пиедестал на 20. Медитерански игри, примајќи го бронзениот медал во категоријата до 60 килограми.

„Дојдов по злато тука, но ете мора да се задоволиме со бронзата. Сега во септември ме очекува Европското сениорско првенство, каде одам на медал, а главната цел ми се секако Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес, каде ќе одиме по злато“, изјави 22-годишната надеж на благородната вештина во Македонија по церемонијата на доделување медали.

Неговата бронза е трета за Македонија во нејзиното четврто учество на Игрите, на кои досега има и две сребра.

Најнови вести од: Спорт

To top