Спорт

Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански

РК Вардар ќе плати казна за денешниот инцидент

На половината од првото полувреме силен звук се слушна во преполната сала Јане Сандански во скопски Аеродром ксде денеска се игра второто коло од ракометната кига на шампионите.

Во 15. минута некој неодговорен играч фрлил петарда во салата по што судиите на кратко го прекинаа мечот.

Во видеото се гледа дека обезбедувањето се упатува на местото од каде што најверојатно е фрлена петардата.

Официјалниот спикер објави дека за петардата РК Вардар ќе мора да плати парична казна.

Играта продолжи по кратката пауза.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top