Спорт

Стефановски со нов македонски рекорд во десетобој (ВИДЕО)

Најдобриот македонски десетобоец во Марибор освои 7.189 поени, подобрувајќи го својот државен рекорд за 541 поен

Огнен Стефановски постави нов државен рекорд на Македонија во десетобој од 7.189 поени при освојувањето на второто место на Првенството на Словенија во оваа дисциплина што се одржа минатиот викенд во Марибор.

Резултатот на 21-годишниот најдобар македонски десетобоец е подобар за 541 поен од претходниот македонски рекорд исто така во негова сопственост од Европското првенство до 23 години во Берген, Норвешка, во јули минатата година.

Во својот само шести официјален натпревар во десетобој, Стефановски собори лични рекорди во девет од десетте дисциплини при настап во најсестраната, освен во фрлање копје!

Членот на атлетскиот клуб Делта од Скопје е македонски рекордер и во скок со стап, како и во седмобој во сала.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top