Спорт

Жалбата за Рустемовски ќе се разгледува, но Шпанецот останува финалист!

Единствена утеха за македонскиот боксер би била санкција за судиите ако се утврди тенденција во мечот од Медитеранските игри

Македонскиот боксер Ален Рустемовски ќе мора да се задоволи со освоениот бронзен медал на 20. Медитерански игри во Таранто, и покрај вложената жалба од Македонскиот олимписки комитет ид од Боксерската федерација на Македонија до Светската боксерска федерација.

„Жалбата е примена, ќе се разгледува, но одлуката за тоа кој ќе боксува во финалето останува непроменета. Единствено што може да се случи е да биде поведена дисциплинска постапка против судиите доколку се утврди тенденциозна грешка од нив и тие да бидат санкционирани. Одлуката може да биде донесена две недели по поднесокот“, објаснуваат од македонскиот тим на Игрите.

Рустемовски, кој во двете претходни борби во категоријата до 60 килограми ги нокаутира противниците од Босна и Херцеговина и од Албанија, беше подобар и од Шпанецот Марин Ернандез во полуфиналето, но судиите му дадоа предност на противникот од 4:1.

Единствено азербејџанскиот судија Рахманов виде победник на мечот во 22-годишната голема надеж на македонскиот бокс, а Кореецот Ми Хје, кој третата рунда му ја додели на Рустемовски, потоа Полјакот Гржелак, Ирачанецот Неамах и Египќанецот Елабд пресудија во корист на Шпанецот, кој утре ќе се бори за златото.

Најнови вести од: Спорт

To top