„Спортмедиа“: Самсоненко се повлекува од Вардар!

Сергеј Самсоненко се повлекува од фудбалскиот клуб Вардар, дознава „Спортмедиа“, која се наоѓа во Анталија каде што го следеше денешниот меч помеѓу Вардар и Црвена звезда.

Веста за откажувањето на главниот спонзор вардарци ја примиле во хотелот „Титаник“ во Анталија каде што се сместени.

Одлуката била донесена за време на мечот со Црвена звезда и на фудбалерите и на сите во Стручниот штаб им беше соопштена по натпреварот, пренесува „Спортмедиа“.

SHARE