Срамен графит на бугарски споменик во Ниш

Србија го отстрани  вандалскиот натпис на бугарска спомен-костурница во градот Ниш. Натписот се појави пред два дена а полиција го обезбедувала споменикот додека работници на комуналните се обидуваа да го отстранат.

БГНЕС потсетува дека натписот, кој започнува со зборовите „бугарски окупатори“, се појавил на спомен-костурницата во нишката населба Ледена стена.

Споменикот е во чест на погребани  повеќе од 2.000 бугарски војници кои загинале за време на ослободувањето на Ниш во Втората светска војна, објавија српски медиуми.