Катастрофална игра и пораз од 32:28 против соорганизаторот Австрија за збогување на ракометната репрезентација на Македонија од Европското првенство 2020.

Наместо ветуваната борбеност, гинење на теренот за секоја топка во „Штатхале“ во Виена, целосно спротивно издание од избраниците на селекторот Данило Брестовац.

Распад на системот е најбенигниот опис на тоа што го прикажаа „црвено-жолтите“ против својот „муштерија“ на претходните големи натпреварувања или во квалификациите за нив, па (пре)раното враќање дома е кошмарната реалност во моментов.

Домаќинот имаше предност и од 11 гола (24:13 во 37. минута), па селекторот Алеш Пајович ја извади комплетната почетна седморка, освен голманот Томас Ајхбергер, кој заврши со 15 одбрани и беше прогласен за најдобар играч на средбата.

Резервниот состав на ривалот ѝ дозволи на Македонија да постигне шест гола без одговор во финишот и со колку-толку поднослив пораз да го заврши неславниот настап на првиот еврошампионат во три држави и со 24 селекции.

SHARE