Белград одбил „непристојна“ понуда од САД

САД му понудиле на Белград да ја признае независноста на Косово, а за возврат да ги донесе најголемите компании во светот во Србија, пренесуваат белградски медиуми повикувајќи се на сознанија на „Блиц“.
Сепак, Белград ја отфрли понудата, пишува весникот.

Според „Блиц“ специјалниот претставник на Претседателот на САД за Косово, Ричард Гренел, неодамна им наложил на Белград и Приштина да постигнат договор за меѓусебно признавање и дека за тоа ќе добијат „економска награда“, и ќе биде организирана инвестициска конференција.
Сепак, „како што се очекуваше, не беше прифатено“ од Белград.

Се потсетува и дека српскиот претседател Александар Вучиќ е воздржан кога станува збор за меѓународната конференција за Косово и смета дека ако тоа се случи, ќе мора да учествуваат сите најголеми светски сили.

„Блиц“ проценува дека има јасна промена во тактиката на САД во однос на Косово и дека сега САД, кои до неодамна ја поддржуваа идејата за „пробивање или демаркација на косовскиот јазол“, повторно ја условуваа Србија.

Весникот додава дека, со оглед на несогласувањата меѓу Берлин и Париз, Вашингтон сака да ја стави ЕУ надвор од игра и да го преземе, решавањето на проблемот.

Претседателот на САД, Доналд „Трамп … размислува за колку спектакуларно би било потпишувањето на договорот во Вашингтон, Белата куќа, затоа што му треба спектакл“, вели дипломат на Блиц.

Тој додава дека за него тоа би било успех во трката за втор мандат и би претставувал она што беше договор за Дејтон за Бил Клинтон.

SHARE