Србија одобри извоз на брашно за Македонија


Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера најави дека и покрај привремената Одлука на властите во Србија за забрана на извоз на основните прехранбени производи поради епидемијата на коронавирусот и воведената вонредна состојба, сепак ќе им се излезе во пресрет на барањата на земјите во регионот, пред се на Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, за извоз на брашно во тие држави.

Според „Телеграф“, српската Влада го дозволила извозот на брашно, што е потврдено и во „Службениот гласник“ на Србија, пренесува МИА.



SHARE