Србија падна под 7 милиони


Демографот Даница Шантиќ за РТС соопшти дека според Бирото за статистика во Србија во моментов живеат помалку од седум милиони жители, што не е забележано во поновата историја.

Бројот на новородени е помал од починатите, што е тренд во целиот регион. Така минатата година биле родени 63.000 бебиња, додека 103.000 умреле.

Прогнозите на Обединетите нации велат дека од регионот Бугарија ќе биде во најлоша состојба, бидејќи се проценува дека ќе изгуби дури 40 проценти од своето население до 2040 година.
Просечната возраст во Србија е 43 години, а брачен пар во просек има по 1,48 дете додека за да се одржи едноставна репродукција потребни се во росек 2,1 раѓања.

SHARE