Србија потпишува договор со Евроазиската унија

Србија и Евроазиската економска унија, предводена од Русија денеска треба да потпишат договор за слободна трговија.

Министерството за трговија на Србија соопшти дека со договорот за слободна трговија ќе се овозможи околу 95,5 проценти од српските производи да се извезуваат во Евроазиската унија без царини.

Минатата година трговската размена меѓу Србија и државите од Евроазиската унија изнесувала 3,4 милијарди американски долари.

Минатата недела, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, рече дека ЕУ „внимателно“ ги следи преговорите меѓу Србија и Евроазиската унија и очекува Белград да се усогласи со надворешната политика на ЕУ. Таа рече дека ЕУ останува најважниот трговски партнер на Србија.(Радио Слободна Европа)

SHARE