Србија со најголем раст на БДП во Европа во првиот квартал!

Со раст на бруто домашниот производ од 5 проценти во првото тримесечје годинава, Србија е најбрзо растечката економија во Европа, се пофали српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Ги добивме податоците за Ирска и за Малта, нив ги чекавме. Формално и официјално, Србија е најбрзо растечката економија во цела Европа во првиот квартал, според Евростат“, изјави тој за ТВ Панчево.

Според неговите зборови, ирскиот БДП пораснал 0,5 проценти, а малтешкиот 1,2 отсто.

„Јас сум горд на тоа. Никој никогаш во Србија не помислил дека ќе може да се направи тоа“, додаде шефот на српската држава.

SHARE