Србија воведува полициски час од сабота во 13 ч. до понеделник во 5 ч.

Србија реши уште повеќе да го ограничи движењето на луѓето заради спречување на ширењето на коронавирусот, воведувајќи полициски час од сабота во 13 ч. до понеделник во 5 ч.

Исклучок се пензионерите, кои како и досега ќе можат да одат во продавница во недела наутро, а се воведува и можноста за шетање на домашните миленици од 23 ч. до 1 ч. најдалеку 200 метри од домот, почнувајќи од сабота.

Од вечерва стапува на сила и забрана за собирање на повеќе од двајца луѓе.

„Во наредните 72 часа очекуваме забрзување на епидемијата во смисла на бројот на заразени. За очекување е, за жал, зголемување и на бројот на смртни случаи. Ова не е предвидување, ова е нешто што е логично со оглед на тоа колку луѓе се на респиратори, а во моментов се 81, и тие се во тешка и во критична состојба“, ја образложи мерката претседателот Александар Вучиќ

Тој додаде дека нема воопшто да размислува да воведе и 24-часовен полициски час, ако тоа го предложат стручњаците, нагласувајќи дека тогаш нема да може да се оди ни во продавница.

До денес во Србија се регистрирани 1.171 заболени и 31 починати од Ковид-19.

SHARE