Франција да ја одблокира Македонија за ЕУ бараа пред нејзината амбасада во Софија

Граѓани вечерва протестираа пред француската амбасада во Софија против одлуката на Франција да го блокира почетокот на преговори со Македонија за членство во Европска унија.

„Сакаме обединета и силна Европа и сметаме дека срцето на Балканот, кое е Македонија, треба да биде дел од Европа. Границата меѓу Бугарија и Македонија треба да биде европска, т.е. фиктивна. Да не дозволиме туѓи интереси, непријателски кон Европа, да се појават на нашата западна граница во моментов и Бугарија одново да биде изолирана од своите сојузници во Европа со, ако не непријателски, барем со земји што ќе гравитираат кон туѓи интереси“, рече скулпторот Андреј Врабчев, кој на претставник на амбасадата му предаде декларација на бугарски јазик со повик за проевропска политика на Франција кон Балканот.

Организаторот на протестот изрази стравување дека одложувањето на европската перспектива може да предизвика политички хаос во Македонија.

SHARE