Средба Димитров – холандски премиер, случајно на улица

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вчера во Хаг се сретнал со премиерот на Холандија Марк Руте.

Средбата не била формална во владата во Хаг туку на улица, откако двајцата политичари се сретнале на улица во близина на владата. За Димитров тоа што патиштата му се вкрстиле со Руте е веројатно сигнал дека Македонија е на добар пат.

„Случајното вкрстување на патиштата со Марк Руте, премиер на Холандија е знак дека ние сме веројатно на вистинскиот пат“, напиша Диммитров на Твитер (Accidentally crossing paths with Mark Rutte @MinPres of the Netherlands is a sign that we are probably on the right path 🙂 )

Марк Руте е премиер на Холандија од 2010 година и е претседател на холандската централно десничарска Народна партија за слобода и демократија.

фото: твитер профил на МНР Димитров