Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешната средба во Клубот на пратениците заклучиле дека треба да се „обидат“ да најдат  заедничка личност за кандидат за претседател на државата.

„Станува збор за вредна шанса, што можеби ќе успее, а можеби не“, рече Заев.

Тој повторно кажа дека нема да се кандидира за Претседател на државата.

Од десетина имиња на потенцијални кандидати кои кружат во јавноста, Заев рекол дека  5 се фаворити.

Запрашан дали името на Заев е меѓу тие, лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека „Не е добро лидер на политичка партија да стане претедател“.

SHARE