Среде кризата со коронавирусот во само два дена останаа без работа 49.000 луѓе во Австрија!

Во само два дена во австрискиот Сојузен сервис за вработување (АМС) се пријавиле 49.000 нови невработени како нов удар за земјата среде ширењето на коронавирусот.

На крајот на февруари во Австрија без работа биле 399.359 луѓе, а во средата, два дена откако во понеделникот на сила стапија владините мерки за ограничување на движењето и на собирањето во јавен простор, а австриските граѓани се повикани на самоизолација и на работа од дома, додека затворени се образовните, културните и спортските институции, ресторани, локали, детски игралишта, паркови и речиси сите продавници, освен тие за храна и за продукти важни за животот, членката на Европска унија има речиси 50.000 нови невработени во споредба со две недели претходно.

Меѓу новите невработени најголем дел се хотелиери, угостители, градежници и работници во некои услужни дејности.

Канцеларот Себастијан Курц претстави нов пакет мерки за помош од Владата за економијата во висина од 38 милијарди евра.

SHARE