Сојузот на синдикати на Македонија нема да отстапи од барањето субвенциите за плати да одат директно на сметките на работниците.

Недопустливо е работниците во време на кризата со ковид-19 да останат без плати кои чесно си ги изработиле и без субвенциите „обезбедени на наше барање од нашиот социјален партнер Владата“, велат од ССМ.

„Алчните газди по петти пат оставија работници без никаква егзистенција, а иако УЈП овој пат дејствуваше веднаш, се покажува дека и тоа не е доволно и дека и покрај сознанијата и информациите во јавноста кои ги изнесуваме и ние и државните институции за одговорноста за овој вид на злоупотреби, повторно има работодавачи кои немаат милост ниту спрема работникот, ниту пак се плашат од државата и од казни“, велат од Синдикатот од каде ќе бараат не само парични казни туку и кривична одговорност.

SHARE