По изјавата на министерката за финансии Нина Ангеловска за намалување на платите во јавната администрација дадена за време на гостувањето на Телма, реагираше дополнителната заменичка министерка за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска-Стојановска.

Истовремено се најавува кратење на платите на вработените во јавниот сектор се вршат нови вработувања во институциите, пишува Стаменковска на Фејсбук.

„Нема да побегне од одговорност хибридениот режим со заробени институции. Иако известувам и пријавувам незаконски вработувања, институциите кои треба да вршат надзор над примена на законите, не постапуваат, ќе остане забележано како сите државни и јавни институции се злоупотребуваат за предизборната кампања на СДС, а со Обновата на Македонија институциите ќе се ослободат, секоја злоупотреба на макар еден денар од буџетот на државата и на институциите, ќе се истражи и за секое незаконско постапување одговорност ќе има“, пишува Стаменковска-Стојановска.

Според неа за неводење редовност во една институција за едно лице се води кривична постапка, а како што вели, за вработени на кои им се исплаќа плата, иако не постои повеќе основ поради кој се вработиле, нема опомена и кривична одговорност.

За овие состојб, вели Стаменковска-Стојановска, ќе биде известена и Европската унија.


SHARE