Станал ли Заев министер за финансии од немајкаде?

Повеќе експерти за финансии и монетарна политика го одбиле премиерот Заев кој ја нудел функцијата министер за финансии, тврдат високи извори во владата кои сметаат дека и самиот премиер е свесен дека не може на долг рок да биде на двете важни функции затоа нема доволно познавање на секторот финансии.

Причините за одбивање лежат во инсистирањето и условувањето на Заев идниот министер за финансии да спроведе неколку чекори при водењето на министерството кои немаат здрава финансиска и политичка логика ниту пак имаат покритие во државната каса и економските трендови и перформанси на државата.

Најопасна идеја на Заев е земјата во најкус можен рок да издаде државна обврзница под многу лоши услови а со цел финансирање на социјален мир и зголемување на плати во повеќе сектори (Лекарите 100 илјади денари) пред следните предвремени или парламентарни избори.

Одбивањето на овој план го чинела фотеља и актуелниот министер Тевдовски иако пред само неколку дена тој беше пофален од Светската банка за начинот на кој ги води дел од финансиските политики.

И Тевдовски и другите најмалку тројца кандидати го одбиле премиерот затоа што сметале дека мерките на кои инсистира Заев се самоубиствени и дека на среден рок македонската државна каса и економијата ќе ја доведат на ниво на Грчката од пред неколку години а тие ќе бидат виновниците на финансискиот колапс на земјата.

Меѓу луѓето кои го одбиле Заев има и членови на СДСМ, универзитетски професор но и еден странец кој се уште е во игра и размислува за понудата.

Тој според извори во Владата ги анализира финансиските перформанси на државата и би можел во краток да ја прифати понудата на Заев доколку премиерот ги одстрани бирократските пречки и добие задоволителна лична финансиска понуда.

Доколку одбие и странецот а Заев не успее да најде друг министер за финансии кој ќе ги потпише финансирањата на предизборните проекти на СДСМ тогаш извесно е дека премиерот ќе мора лично да го преземе ризикот земјата да ја втурне во финансиска криза ако со тоа успее да добие уште еден мандат како премиер.

Спроведувањето на планот на Заев во услови кога земјата надмина 50 проценти од БДП е рамно на самоубиство тврдат експерти за финансии кои не исклучуваат дека Заев можеби има за цел на извесниот иден премиер Мицкоски свеано да му остави руиниран државен буџет и хаос во финансиите.

SHARE