Станале „албанци“ и „турци“ за да се вработат

Македонци што се потпишале како „албанци“ и „турци“ се избрани на конкурсот за вработување во струшкиот музеј „Д-р Никола Незлобински“, објавен пред два месеца.

За позицијата кустос-археолог во огласот е нагласено дека е за Албанец (според Рамковниот договор). Зa оваа позиција избрана е кандидатката Светлана Наумоска.

За огласот биолог-зоолог наменет за Турчин(ка) е избрана Ангела Тасеска, пренесува „Факултети.мк“.

SHARE