Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев, најави дека доколку победи на предвремените парламентарни избори во земјата во текот на летото, целосно ќе го спроведе Договорот за соседство со Бугарија, пренесуваат бугарски медиуми.

Ова ветување го даде во интервју за ТВ Стар, посочувајќи дека дел од историјата на Скопје е заедничка со Бугарија.

„Нормално е Бугарија да сака договорот да се спроведе. И ние сакаме договорот да се спроведе и отворено велиме дека во овој договор ја прифаќаме заедничката историја. Што е факт. Дел од нашата историја е заедничка, а дел од нашата историја е наша сопствена”, рече Заев, цитиран од новинската агенција ФОКУС.

Според него, Гоце Делчев бил и на Бугарија и на Македонија.

SHARE