Како резултат на порастот на трошоците за градежни материјали, но и поради зголемувањето на трошоците за вработените во градежните компании неминовен е и раст на цената на становите предвидуваат од Градежната комора при Сојузот на стопански комори.

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување на годишно ниво се повисоки за 5,9 насто, трошоците за материјали се зголемени за 3,2 проценти, додека за вработените тие пораснале за 13 насто.

Во зголемените трошоци спаѓа и порастот на цената на горивата за транспорт.

„Ако во изминатите години, исклучувајќи ги последните две во делот на високоградбата имаше континуитет и стабилност, во сегашните услови на правната неизвесност инвеститорите не се во можност да инвестираат. 

Она што може да очекуваме во следен период е дека нема да може да се понуди квалитетна градба по пониски цени, бидејќи растот на трошоците го диктира и растот  на цената на квалитетните станови“, изјави Ивица Јаќимовски, претседател на Градежна комора.

SHARE