Групата „Јавна соба“ на мобилната апликација Телеграм е затворена по барање на МВР, дознава „Слободен печат“.

Во тек се подготовки за поведување постапка за злоупотреба на лични податоци и за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Според зознанија на весникот, полицијата истражува и дали „Јавна соба“ била „гнездо“ за контакти и ланец за подведување, проституција, вклучително и малолетничка..