Ставовите за Македонија на бугарски професор го збеснаа софиското ВМРО (ВИДЕО)

Ивајло Дичев, професор по културна антропологија на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија и предавач на универзитети во САД и во Франција, со ставовите за Македонија ја збесна ВМРО на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

На софиското ВМРО „му било срам“ од изнесените гледишта на Дичев во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, па Националниот младински комитет на партијата писмено се обратил до ректорот на Универзитетот, Анастас Герџиков, со барање за професорот да расправа Етичката комисија.

Ставовите што ги разлутија младите вмровци на Каракачанов во видеото:

SHARE