Обвинителката Лиле Стефанова, денеска се појави како сведок за случајот „Рекет“ кој повеќе пати беше одложуван.

Во Кривичниот суд Стефанова изјави дека Јанева ја принудувала да го затвори случајот „Империја“ и да се пуштат од притвор Камчев и Панделевски и уште тројца осомничени во Империја.

„Рече дека тоа е важно за процесите за донесување на законот за ЈО. На тоа се побуни само обвинителот Артан Ајро, а другите си молчеа“, сведочеше Стефанова, по што рече дека не можела да сфати како тоа Камчев и Панделевски имаат врска со законот за ЈО.

Стефанова сведочеше дека Јанева со висок тон им се обраќала на обвинителите, барајќи спогодби за Камчев да излезе од притвор и предметот против него да се затвори.

Сакала, како што рече, во тие моменти да поднесе и оставка…Рече дека во тие моменти сакала да си даде оставка, да излезе пред медиумите и да се обрати до Советот за јавни обвинители.

Таа рече дека политичари, бизнисмени, судии и обвинители ургирале за предметот Империја. Меѓу оние што се јавувале за ургенции за Орце Камчев била и судијката Добрила Кацарска, но не лично, туку преку друг обвинител. Кацарска била присутна и цел ден кога се одлучувало за притворот на Камчев, иако не била судија на претходна постапка.

SHARE