Утре е закажано рочиште за предметот „Титаник“, за кое како надлежен обвинител се јавува обвинителката Лиле Стефанова,

Задутре, Лиле Стефанова е повикана во Обвинителство во вторник да даде исказ откако ја обвини шефицата на СЈО Катица Јанева дека барала да нема затворски казни за „Империја“ во кој е обвинет Јордан Камчев. Стефанова не се согласувала и да му биде вратен пасошот на бизнисменот

Во снимките што ги објави италијанска „Ла Верита“ се слуша Катица Јанева која во еден момент на Камчев и на Боки 13 преку спикерфон за Стефанова вели дека „ не ја држи редовно Лиле под контрола, но дека таа не може ништо без неа“.