Стиховите на Петре М. Андреевски избришани од наставната програма

Во скратената наставна програма за четврта година по Македонски јазик и литература замислете изоставени се Анте Поповски, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски…

Ова го објавува охридскиот наставник по македонски јазик Перчо Божиновски.

“Зарем нив најдовте да ги тргнете од лириката во современата македонска литература?

Дали затоа што преку нив можеби најдобро учениците ја развиваат и зацврствуваат свеста за значењето на македонскиот јазик и македонската литература како основни белези на националниот идентитет?

‼️ Сте се излажале, ќе најдеме начин како да се интерпретираат, затоа што вечно ќе одекнуваат нивните стихови”, пишува Божиновски кој цитира легендарни стихови и мисли на најголемите македонски поети кои годинава се избришани од наставната програма.

🇲🇰,,ubi bene ibi patria!”
*Каде што е добро – таму е татковината!
(,,Македонски монолог” – Гане Тодоровски)

🇲🇰,,Ој, Македонијо,
колку ли уште ни треба
за да те домакедончиме!”
(,,,Фуснота без повод” – Гане Тодоровски)

🇲🇰,,О, еве ја таа проста земја од грч и од чекање
Што ги научи и ѕвездите да шепотат
на македонски
А никој не ја знае.”
(,, Македонија” – Анте Поповски)

🇲🇰,,Кога ја љубев Дениција,
како да учествував во создавањето
на првата Македонска Држава.”
(,,Кога ја љубев Дениција”, Петре М. Андреевски)

SHARE