Стоилковски до Костадинов: Дали твои интимни материјали има на мобилниот на осомничен во Рекет

Портпаролот на опозицијата Наум Стоилковски го прашува својот колега од СДСМ дали на мобилен телефон на еден од осомничените во Рекет се наоѓаат негови лични инкриминирачки материјали.

Костадинов не одговара на прашањата но денеска прашува дали ВМРО-ДПМНЕ е извор на снимките за Рекет и дали Мицкоски среќавал со новинарот на Ла Верита што веднаш е демантирано од опозицијата.