Зоран Заев три години свесно ја манипулираше јавноста дека наводно била промашена трасата притоа ширејќи лажни вести, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашната изјава на Благој Бочварски дека Зоран Заев и СДСМ лажеле кога велеле дека е промашена трасата на автопатот Кичево – Охрид.

„Власта Зоран Заев и СДСМ лажеа дека е промашенаа трасата и на тој начин без тендер за анекс на договорот за градба испумпа нови над 180 милиони евра од буџетот на државата.

Три години власта ја стопираше изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Три години изговор за неработата им беше дека била утната трасата. За на крај да можат да се задолжат за 180 милиони евра на штета на граѓаните.

Три години автопатот не е мрднат од мртва точка. Како е оставен во време на ВМРО-ДПМНЕ така е и сега, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

SHARE