ВМРО-ДПМНЕ реагира на зголемувањето на цената на струјата и смета дека граѓаните сега ќе го плаќаат, како што велат тие, предизборниот поткуп за наводна поддршка. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека поскапувањето на 1500 денари нема да биде 100 денари како што вели Марко Бислимовски, туку ќе биде многу повеќе, пресметувајќи дека едно просечно семејство ќе плаќа 12 илјади денари повеќе годишно.

„Минаа изборите и стаса сметката за неодговорното работење на Зоран Заев. Струјата поскапува околу 7,5%. Сега граѓаните од свој џеб ќе ги плаќаат скапите тендери кои ги прават Заеви во РЕК и партиските и непотистичките вработувањата кои изминатите години СДСМ и Заев ги правеа во енергетските компании на државата.

Дополнително, се она што беше преизборен поткуп за наводна поддршка на граѓаните, СДСM побрза да си го земе назад, но неколку кратно повеќе. Згора на се без срам претседателот на РКЕ се фали дека за сметка од 1.500 денари зголемувањето ќе било само 100 денари.

Почитувани, сметките за електрична енергија не се чист процент за пресметување. На таа зголемена цена има и ддв од 18%. Оттаму ве уверуваме дека зголемувањето на сметка од 1500 денари ќе биде многу повеќе од 100 денари и ќе се движи и до 500 денари.

Или поточно ако се земе предвид дека граѓаните плаќаат во просек сметки по 3000 денари месечно, поскапувањето ќе биде речиси 1000 денари поскапа струја месечно, односно до крајот од годината секое семејство ќе треба да одвојува дополнителни 12 илјади денари или 200 евра повеќе од својот семеен буџет. Она што се фалеа дека го дале со враќањето на ефтината тарифа, денес го одземаа повеќекратно“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

SHARE