„Владата и лично Оливер Спасовски мора да одговорат, во кое својство Оливер Спасовски го однесе партискиот лидер Зоран Заев на средба со Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, во седиштето на Цариградската патријаршија во Истанбул? – изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

„Поканата од Вселенскиот патријарх се однесува на премиерот како политичка функција, а не лично до Зоран Заев“, рече Стоилковски и праша зошто во владините соопштенија се наведува Заев кој не е дел од владина делегација, како и кој ги сноси трошоците за посетата на претседателот на СДСМ.

SHARE