Потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска на прес конференција праша зошто за неизградената болница во Штип, наместо казна за изведувачот кој доцни две години со проектот, Венко „Филипче и Зоран Заев одлучиле да му дадат уште 7 милиони евра“.

КЛако што рече Стоилковски, Филипче и Заев се имиња кои што се повторуваат во „Рекет 1“, „Рекет 2“, во „Рекет“.  Обвинителството сериозно мора да го испита овој случај.

„Зошто не е активирана банкарската гаранција за изведувачот по доцнењето со градбата на штипската болница?

Зошто по втор пат се продолжува рокот без пенали за изведувачот на штипската болница?

Зошто сега по сето доцнење на изведувачот, се бараат 7 дополнителни милиони евра од буџетот на Република Македонија“, праша Стоилковски. 

SHARE