Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е во добра состојба но има недостаток на дваесетина вработени во пресрет на прогласување на кризна состојба, предупреди новиот директор, Стојанче Ангелов.

ЦУК е во добра кондиција но има недостаток на луѓе и верувам дека ќе ги пополниме, сето тоа ќе мора да го направиме во движење. Според систаметизацијата за да бидеме функционални ќе ни требаат барем 10-2- луѓе , понатаму ќе разговарам со премиерот за вработени, а има лоша состојба“, изјави Ангелов.

На денешниот онлајн состанок со кој од изолација раководел министерот за внатрешни Оливер Спасовски, Управувачкиот комитет констатирал предлог да се прогласи кризната состојба. По ова се активира Главниот штаб во ЦУК.

„Главен штаб- оперативното тело кое ќе ја координира целата борба со Ковид19 претставници од МВР, МНР, одбрана здравство, транспорт и врски, Итна помош, директор на ДЗС и претставник на АРМ, Разузнавање, дирекција за безбедност на класифицирани информации -11 члена – раководи Стојанче“, изјави Ангелов.

Тука во оваа просторија, но и преку видео врски ќе се носат клучните одлуки. 11 луѓе од различни институции ќе анализираат и ќе одлучуваат каде треба да се распоредат војниците на помош, кои државни и приватни ресурси се потребни и како државата ќе ги искористи.

SHARE