Стојкова-Серафимовска: Македонизмот во Македонија никогаш не бил посилен (ВИДЕО)

Според етномузикологот и експерт на УНЕСКО за нематеријално културно наследство Велика Стојкова-Серафимовска, посегнувањата по сè македонско и негирањето на Македонците предизвика контраефект кај нив.

„Најголемата болка на нашиот источен, па и јужен сосед, е во тоа што колку и да се обидуваат, никогаш нема да успеат. Напротив, ќе се роди уште подлабоко чувство на идентитет. Македонизмот во Македонија никогаш не бил посилен од сега. Тоа е буквално инстинкт за преживување. Ова е апсурдно што се случува. Веќе ти посегнуваат не по куќата, туку по душата“, констатира докторот по фолклористика, научен соработник во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.

SHARE