Столе Стоилов напушти церемонија на АМС поради двојазичност

Ракометниот репрезентативец и минатогодишен добитник на наградата за „Најдобар спортист на Македонија“, Стојанче Стоилов, вечерва во знак на револт демонстративно го напуштил изборот организиран од Агенцијата за млади и спорт, реагирајќи на „двојазичноста“ за време на настанот.

Наградите на АМС ги добија спортистите Емил Павлов и Сара Ристовска, Кире Лазаров и ракометните селекции на Македонија, но настанот ќе биде запаметен по реакцијата на Стоилов, кој си заминал откако за прв пат во историјата на манифестацијата дел од добитниците говореле на албански јазик.

Годинава добитниците за училишен и за средношколски спорт се училишта од Чаир и од Тетово, при што тетовскиот добитник на признанието на присутните им се обратил на албански.

Реагирајќи дека во Македонија службен јазик е македонскиот Стоилов демонстративно го напуштил настанот.

„Се чувствувам засрамено и понижено“ – се пожалил искусниот ракометар во вибер-групата на репрезентативците, кои се сместени во хотелот во кој се одржуваше манифестацијата”, пренесува порталот Екипа во својот извештај од инцидентот.

SHARE